Apple Store заразена со malware!?

Објавено на 21.09.2015 во Новости



Apple Store заразена со malware!?

Оперативниот систем на Apple е главно безбеден, но се чини дека хакерите секогаш го наоѓаат патот до пробивањето на софтверот. Ова не е прв пат да има malware во кодот на апликациите одобрени на App Store. Девелоперите предале веќе заразени апликации за прегледување во Apple и тоа преку Xcode (се работи за XcodeGhost), односно алатка за пишување на програмски јазик, преземен преки кинески сервери. Причината за преземање на софтверот од кинеските сервери е најмногу поради брзината.

Досега на App Store имало само пет апликации заразени со некој вирус, но овој пат цифрата се искачи на 344, кои веќе Apple ги отстрани од App Store. Компанијата вели дека malware имал лимитирани можности и воопшто не можеле да дојдат до кражба на податоци или нешто слично, што би ги оштетило корисниците. Хакерите повторно докажаа дека е возможно да се зарази еко-системот на Apple преку легитимни апликации, а сигурни и други хакери сега ќе се обидат да пронајдат сличен начин за да ги загрози апликациите.