Skype не може да се вклучи

Објавено на 21.09.2015 во Новости



Skype не може да се вклучи

Ако сакате да се вклучите на вашиот профил на Skype и ви пишува дека сте Offline, односно ако стрелките на логото на Skype се вртат во круг, значи дека сервисот има административен проблем, не е до вашиот интернет. 

Во 10:45 часот утринава е регистриран проблем со Skype, кој компанијата се обидува да го реши во најбрз можен рок. 

„Ние сме преоптоварени во моментот. Ве молиме обидете се подоцна, или снимете го Skype за да го користите во секое време“, соопшти компанијата на својата официјална веб-страница.

На Twitter профилот Skype напиша дека работи на решавање на проблемот. Ова може да направи голем проблем, затоа што луѓето од цел свет водат бизнис преку Skype.

Не е прв пат  сервисот да не работи, но сепак Skype ви овозможува привремено решение за да не изгубите пари во бизнисот. Можете да се логирате преку нивната веб страница, на овој линк.