Apple iOS 9 и iOS 8.4.1 - тест за брзина

Објавено на 21.09.2015 во Новости



Apple iOS 9 и iOS 8.4.1 - тест за брзина

Ако се прашувате каква брзина испорачува најновиот iOS, на ова видео можете да најубаво да го анализирате, каде се трка со претходниот iOS 8.4.1. Everything Apple Pro тимот го споредува iOS 9 со iOS 8.4.1 на телефоните: iPhone 6, iPhone 5s, iPhone 5 и iPhone 4s. Според видео тестот, вклучувањето на телефонот е побрзо со iOS 9 за разлика од iOS 8.4.1. Интересно е тоа што на iPhone 4s, iOS 9 бутираше за три секунди подолго, што значи дека iOS 9 е дизајниран и оптимизиран само за поновите уреди. 

Кога лансирате апликации, поените одат во прилог на iOS 8.4.1. Разликата кај вклучувањето на апликациите најмногу се забележува кај iPhone 4s моделот, додека најмалку забележителна е на iPhone 6 моделот.