iCar настапува на сцена во 2019 година?!

Објавено на 22.09.2015 во Новости



iCar настапува на сцена во 2019 година?!

После смртта на Стив Џобс медиумите зборуваат за три потенцијални проекти на Apple - смартчасовник, смарт-телевизор и автомобил. Тим Кук докажа дека сериозно размислува за развојот на часовникот и телевизијата, а електричните автомобили со автентичен Apple дизајн сега засега знаеме дека го носат името „project Titan“. Со текот на времето излегуваат се повеќе нови информации за iCar, а според последните, компанијата планира да започне со достава на вакви автомобили од 2019 година.

Apple не зборува за своите идни планови поврзани со електричните автомобили, но тоа е очигледно затоа што веќе одредено време вработува искусни инженери од автомобилската индустрија и експерти за развој на автомобили без возачи. За многумина е премногу амбициозни тврдењето за почеток на достава на вакви автомобили во 2019 година, затоа што производството на вакви автомобили е премногу комплексно. Особено затоа што гигантот Apple нема готов дизајн и прототип од вакво возило. Дотогаш мора да се направат бројни тестови и да се исполнат голем број на барања од регулаторните тела. 

Доколку не се точни информациите, тогаш 2019 година би можела да значи дека ќе биде година кога ќе бидат завршени дизајнот и најважните компоменти што iCar би требало да ги има. 





Прочитајте повеќе: