Microsoft Office 2016 - официјално достапна виртуелната канцеларија

Објавено на 23.09.2015 во Новости



Microsoft Office 2016 - официјално достапна виртуелната канцеларија

Microsoft Corp официјално ја објави новата надградена виртуелна канцеларија, која ја користат сите физички и правни лица од цел свет - Microsoft Office 2016. 2016-та верзија доаѓа со истите програми - Word, PowerPoint, Excel, Outlook и Access, но значително надградени и овозможува меѓусебно поврзување, односно може да работат заедно.

„Со последните иновации правиме голем чекор во издигнувањето на Office од личен и индивидуален производ, во нешто што обезбедува поврзани програми и услуги, со дизајн и намена за модерните форми на апликацијата, вклучувајќи заедничка работа“, пишува во официјалното соопштение на главниот извршен директор на компанијата, Сатја Надела.

Новата концептна програма Office 2016 е достапна на вкупно 40 светски јазици и единствен услов за да ја користите е да поседувате барем Windows 7 оперативен систем или било кој од поновите. Ако сакате да го надградите вашиот Office со најновиот, кликнете на овој линк.