Официјално Meizu Pro 5 - Ова е евтиниот Galaxy S6

Објавено на 23.09.2015 во Новости



Официјално Meizu Pro 5 - Ова е евтиниот Galaxy S6

Meizu го промовираше супер смартфонот Meizu Pro 5 кој ќе биде предводник на новата Pro класа, а најдобро што може да се опише е дека е евтиниот Galaxy S6 бидејќи има неколку заеднички, па дури и подобро компоненти, по цена која изнесува само 439 долари или за речиси 300 долари поевтини од најзвучните конкуренти.

Meizu ја користи Super AMOLED технологијата за дисплејот на Meizu Pro 5 која е карактеристична за Samsung, но овој модел има големина од 5.7 инчи со Full HD резолуција. Вториот важен елемент е најмоќниот осум-јадрен Exynos 7420 процесор и изборот на 3 или 4 GB RAM, со 32 или 64 GB меморија.

Meizu Pro 5 се истакнува и со 21 мегапикселна камера со сензор на Sony, 5 MP селфи камера, побрз USB type C конектор, батерија со капацитет од 3050 mAh, mCharge технологија за брзо полнење, како и Android Lollipop систем со новиот Flyme 5.0 интерфејс. Телото е супер тенко и е изработено од метал, а дисплејот има 2.5D за продлабочен ефект при внес на командите во интерфејсот.
 

Автор: Aleksandar Stankov