Не смеете да имате секс со роботот Pepper

Објавено на 23.09.2015 во Новости



Не смеете да имате секс со роботот Pepper

Компанијата Softbank го претстави неодамна роботот Pepper, кој е програмиран за ги искажува емоции и може да дискутира со луѓето, да се смее на шеги, а ако му кажете нешто тажно, ќе биде тажен и тој исто така. Роботот е распродаден после претставувањето за „ала минут“ и покрај неговата висока цена - 1,600 долари, на која се доплаќа плус осигурување и наемнина. 

Интересно во случајот со купувањето на Pepper е што клиентите мора да потпишаат договор, со кој се забранува злоупотреба на роботот за „сексуално и непристојно однесување“. Тоа е согласно законот за штитење на правата на роботот. На корисниците им е забрането да програмираат сексуални апликации за Pepper и негово искористување за сексуално задоволување.

Softbank е невозможно да го следи начинот на употреба на роботот од страна на корисниците, па така една програмерка неодамна си „поиграла“ со роботот, така што креирала виртуелни гради, кои се прикажувале на iPad-от што го има вградено. Pepper не е наменет за секс, туку за да им прави друштво на луѓето. Сепак за во иднина се најавени други роботи кои би требало да ги заменат куклите за секс. Така до крајот на годинава на пазарот би требало да се појави и првиот секс робот Roxxxy, кој моментално го развива компанијата True Companion. Тој на почетокот ќе служи само за секс, но со текот на времето неговите сопственици ќе може и да разговараат со нив.