Започнаа редиците пред Apple за новиот iPhone 6s

Објавено на 24.09.2015 во Новости



Започнаа редиците пред Apple за новиот iPhone 6s

Утре и официјално ќе започне продажбата на новите модели на смартфонот iPhone 6s, а голем број на купувачи традиционално ќе кампуваат цел ден пред продавниците на Apple со цел да бидат меѓу првите кои ќе влезат внатре. Apple сака да ги одбегне понекогаш немилите слики и овозможи предвремена онлајн начарка, но без оглед на се корисниците ја сакаат својата традиција и нема да се откажат од чекањето во редови.

За жал покрај фановите на Apple, тука се и луѓето кои купуваат iPhone 6s за азиските криминални групи и потоа ги шверцуваат новите смартфони.
 

Автор: Aleksandar Stankov




Прочитајте повеќе: