Apple Watch спасил живот на 17-годишно момче

Објавено на 25.09.2015 во Новости



Apple Watch спасил живот на 17-годишно момче

Пол Хоул избегнал смрт после тренингот благодарение на Apple Watch. Смартчасовникот на Apple го предупредил 17-годишното момче дека срцето му чука побрзо од нормалното, по што веднаш побарало помош. Ако Пол не го направил тоа, наредниот ден веќе ќе бил мртов.

„Овој податок ме натера веднаш да побарам стручна медицинска помош“, истакнува Пол. 

После завршувањето на тренингот Пол почувствувал болки во предлот на градите и грбот. Мислел дека станува збор за умор, но кога го извадил Apple Watch од раката, прочитал дека неговото срце чука два пати побрзо одошто е тоа нормално. 

„Да не беше Apple Watch да го предупреди на проблемот, Пол веројатно веднаш ќе заминел во кревет. Нареднито ден ќе се појавел на тренинг, а потоа веројатно би паднал мртов на фудбалскиот терен. Оштетувањето на неговите мускули би довело до проблеми со бубрезите, што понатаму ќе резултира со пореметување на електролитите во организмот, а тоа на крај ќе доведе до прекинување на работата на неговото срце“, изјавил таткото на Пол. 

Веднаш заминал кај училишниот доктор после тренингот, каде му било дијагностицирано пореметување рабдомиолиза - нагло оштетување на скелетните мускули поради оштетување на мускулното ткиво. 

„Тим Кук сакаше да се увери дека сум добро. Во таа прилика ми рече дека секогаш ќе има место во Apple за мене“, вели Пол Хоул џуниор. 

Кога Apple дознал за овој случај, генералниот директор Тим Кук му понудил на Пол да стажира во светската гигантска компанија.