iPhone - трик што може да го отклучи секој iOS 9

Објавено на 25.09.2015 во iOs



iPhone - трик што може да го отклучи секој iOS 9

Целата поента на поставувањето на шифра на iPhone е никој да не може да го користи телефонот без ваше одобрување. Меѓутоа, откриена е мана во новиот iOS 9, со што може буквално да отклучите iPhone. Се што треба е да внесете погрешна шифра неколку пати и за точно одредено време на последното внесување да го покренете Siri. 

На видеото објавено на YouTube може да се види дека оние што го отклучуваат телефонот на овој начин сепак се ограничени во неговото користење. Хакерот добива пристап до апликацијата за пораки, контактите и фотографиите. За корисниците што меѓу контактите ги чуваат личните податоци за банкарски сметки, социјални броеви и друго, ова е многу лоша вест. Единствено моментално решение за овој проблем е да се исклучи можноста за користење на Siri кога е заклучен дисплејот.

Автор: Aleksandar Stankov