Стар Nokia може да продадете за 1000 еу!?

Објавено на 26.09.2015 во Новости



Стар Nokia може да продадете за 1000 еу!?

Корисниците се повеќе се враќаат на старите добри мобилни телефони, кои имаат обични функции - вибрации, монофони мелодии, калкулатор, будилник, календар и батерија што заборавате на колку време ја полните. На старите генерации им се лесни за користење и не се грижат дури и да им падне илјада пати. Веќе им е доста на повозрасните корисници од смартфони, па затоа ако имате зачувано некои од старите модели на Nokia, Motorola, Ericson, може да ги продадете за цена дури од 1.000 евра.

„Има луѓе на кои цената не им е проблем, затоа имаме модели што чинат над 1.000 евра. Нивната цена е висока затоа што во денешно време е многу тешко да се најдат“, изјавил Џесем Хадад, сопственик на веб-страницата vintagemobile.fr.

Хадад се сомневал дека ќе се реализира продажбата со ретро-телефоните, но цифрите од продажбата во минатата година позитивно го изненадила. Последните 3 години се продадени над 10.000 стари телефони преку веб-страницата vintagemobile.fr. Ако имате Nokia 8800 Arte Gold, може да инкасирате и до 1.000 евра, додека обичната Nokia 8800 може да се продаде и за 250 евра.

Автор: Aleksandar Stankov