iPhone 6s и iPhone 6s Plus преживеаја еден час под вода

Објавено на 27.09.2015 во Новости



iPhone 6s и iPhone 6s Plus  преживеаја еден час под вода

Новите iPhone 6s и iPhone 6s Plus во никој случај не се промовираат од Apple како водоотпорни и токму навлегувањето на вода или влага е еден од најголемите проблеми при остварување на гаранцијата, но еден нов тест од фан покажа дека смартфоните може да издржат во сад со вода во рок од еден час и потоа да функционираат без никакви пречки. 

Затоа претпоставуваме дека Apple има допринесено во дизајнот и градбата за поголема издржливост при попрскување со вода и слични незгодни ситуации, но е паметен и не сака да ја рекламира оваа можност како Sony Mobile кој се покаја и ја откажа гаранцијата за пливање со Xperia телефоните и подводно користење на камерата.





Прочитајте повеќе: