Google слави 17-ти роденден со многу носталгија

Објавено на 27.09.2015 во Новости



Google слави 17-ти роденден со многу носталгија

Основачите на Google, Сергеј Брин и Лери Пејџ одлучија да го одберат 27 септември како официјален датум за прослава на роденденот на компанијата иако во минатото прославата се одржуваше на различни денови. Изборот на 27 септември е носталгичен бидејќи ги враќа на самиот почеток на основањето на компанијата во 1998-та, па затоа на славеничкиот цртеж е прикажан стар PC, Linux систем, како и првичниот изглед на страната. Денес Google е технолошки гигант со амбициозни и визионерски планови за иднината, а се започна во студентската соба на Стенфорд пред Лери Пејџ и Сергеј Брин да дипломираат.