Huawei од прва ќе растури со Nexus смартфон

Објавено на 28.09.2015 во Новости



Huawei од прва ќе растури со Nexus смартфон

Huawei за прв пат добива голема доверба од Google за изработката на новиот Nexus смартфон и според најновите целосно протечени информации сигурни сме дека кинезите завршиле одлична работа. Новиот Huawei Nexus 6P ќе има 5.7 инчен дисплеј со Quad HD резолуција и целосно тело од метал со тенок профил и скенер за отпечатоци на задната страна за поприроден начин на регистрација при отклучување.

Huawei Nexus 6P ќе биде понуден со осум-јадрен Snapdragon 810 процесор од втората генерација, 3 GB RAM, Adreno 460 графичка, како и избор на меморија од 32, 64 и 128 GB. Huawei Nexus 6P ќе поседува квалитетна 16 мегапикселна камера, батерија со капацитет од 3450 mAh, а ќе работи со најновата верзија на Android 6.0 Marsmallow. 

За дизајнот избрани се бела, сива, црна и златна со поизразени нијанси, додека пак дисплејот ќе биде заштитен со Gorilla Glass 4 за поголема издржливост. На промоцијата на 29 септември ќе се појави и помалиот LG Nexus 5, па оваа понуда на Google ќе биде прилично атрактивна и моќна.
 





Прочитајте повеќе: