Доаѓа LG G5 во 2016 - помоќен од постариот брат LG G4

Објавено на 28.09.2015 во Новости



Доаѓа LG G5 во 2016 - помоќен од постариот брат LG G4

Последниот LG G4 не фасцинираше со својот дизајн и перформансите, а можете ли да замислите каков би бил неговиот помал брат LG G5?! Сигурни сме дека ќе се одликува со фасцинантен дизајн и модна мобилна линија што ќе ви прави мерак кога го држите во рака.

Протекоа нови информации за новиот LG G5, кој доаѓа во 2016 година. Важна новост е што доаѓа со брилијантната технологија - ретина скенер, наместо скенер за отпечатоци на прсти, а тоа значи дека ќе биде овозможено скенирање на рожницата на окото и уникатно заклучување на смартфонот за високо ниво на безбедност. Дисплејот е со големина од 5.5 инчи и тенка линија на куќиштето, најверојатно ќе добиеме 4K резолуција, исто како што беше случајот и со Xperia Z5 Premium. G5 под хауба ќе има нов quad-core Snapdragon 820 процесор, со 64-битна архитектура, кој е многу подобар од оној на претходникот G4 - Snapdragon 808, бидејќи имаше проблем со загревање. Понатаму има 4GB RAM меморија и 32GB внатрешна меморија, но ќе може да се проширува со помош на MicroSD картичка. Камерата од задната страна ќе биде 20MP, што е значително повеќе за разлика од претходната - 16MP, а најверојатно ќе го има вградено и најновиот сензор на Sony, широк половина инч и ќе биде специјално дизајниран за LG. Одлична ќе биде неговата оптичка стабилизација и репродукција на бои и во мрачни услови.

Официјалната промоција на телефонот би требало да се реализира за половина година. Што мислите за новите спецификации на LG G5?