Facebook месецов направи втор кикс

Објавено на 29.09.2015 во Новости



Facebook месецов направи втор кикс

Facebook корисниците месецов доживеаја три пати паѓање на социјалната мрежа и тоа на глобално ниво. На почетокот мислевме дека интернетот е проблем, затоа што немаше шанси да поверуваме дека Facebook повторно киксира истиот месец. Синоќа во 21 часот се случи нов прекин на функционирањето на Facebook и траеше прилично долго време. Корисниците не беа во можност да ги отворат своите профили. 

Facebook не даде објаснување за каков вид на проблем се работи. Како и да е, знаеме дека 1,23 милијарди корисници биле револтирани вчера по трет пат овој месец, а можеме да замислиме и колку пари се губат во овие случаи. Се вели дека можната причина за ова е спроведување на редизајн на делот за примање и испраќање пораки меѓу корисниците. Недостапна беше и веб верзијата и мобилната апликација Facebook