GoPro - безжично поврзување со новиот Hero+ Wifi

Објавено на 29.09.2015 во Новости



GoPro - безжично поврзување со новиот Hero+ Wifi

GoPro ја лансира својата најнова камера за „херои“, кои се занимаваат со екстремни спортови или за лично задоволство. Новиот модел Hero+ без дисплеј е со Wi-Fi и Bluetooth поврзување.

 

Новиот Hero+ Wi-Fi уред е брилијантен затоа што им овозможува на корисниците да снимаат со повеќе камери одеднаш и може да се синхронизираат со смартфони или таблети за симултано набљудување на новите авантури. Најновата безжична камера на GoPro може да ја користите за селфи фотки со селфи-стап преку вашиот смартфон. Се разбира, со новајлијата може да снимате Full HD видео со 60 ф/с и да сликате со резолуција од 8MP. Ако сакате да нуркате, нема проблем. Можете да одите под вода најмногу до 40 метри длабочина. GoPro Hero+ Wi-Fi ќе има цена од 199 долари. Кој е за?