LG Nexus 5X - Враќање на формата и престижот

Објавено на 29.09.2015 во Новости



LG Nexus 5X - Враќање на формата и престижот

LG Mobile по кратка пауза повторно ја доби довербата да изработи уште еден Nexus смартфон и по трет пат прави вистински погодок, враќајќи се на формата и престижот. Новиот Nexus 5X повторно ќе ви ги врати симпатиите кон Google бидејќи има одличен дизајн кој делува еволутивно од првите два Nexus модели, а нуди и солидни перфроманси кои за прв пат ќе овозможат посилно присуство во средната класа.

Nexus 5X доаѓа со 5.2 инчен Full HD дисплеј, изработен е од цврста едноделна пластика, а работи со нешто поскромен хардвер предводен од шест-јадрен Snapdragon 808 процесор, 2 GB RAM, 16 и 32 GB меморија за жал без microSD слот, 12 мегапикселна главна камера, скенер за отпечатоци, како и батерија од 2700 mAh.

Новиот Nexus 5X како што може да забележите не е најмоќен, но затоа пак ќе се продава по нешто пониска цена од 350 долари пристапен за поголем број на корисници и без огромни пропусти во функциите. Nexus 5X секако, ќе биде лансиран со оперативниот систем Android 6.0 Lollipop кој е совршено избалансиран, има бројни новитети и функции и е постабилен. 
 

Автор: Aleksandar Stankov