Официјално Huawei Nexus 6P - Вистинската моќ на Google

Објавено на 29.09.2015 во Новости



Официјално Huawei Nexus 6P - Вистинската моќ на Google

Google оваа година направи одличен баланс во понудата на новите Nexus смартфон од првиот LG Nexus 5X ќе биде поевтин со многу квалитетни перформанси за цена од 350 долари, додека пак вториот Huawei Nexus 6P е вистински моќник со врвни хардверски перформанси и совршена метална изработка.

Huawei Nexus 6P доаѓа со 5.7 инчен Quad HD дисплеј со резолуција од 2560 х 1440 пиксели, работи со втората генерација на подобрениот осум-јадрен Qualcomm Snapdragon 810 процесор, 3 GB RAM, избор на меморија од 32, 64 и 128 GB, 12.3 мегапикселна камера од Sony со двоен LED блиц и екстра батерија од 3500 mAh која е сместена во многу тенко тело од 7.2 милиметри.

Смартфонот како што споменавме е изработен од цврст алуминиум надополнет со графитна плочка на задната страна каде се сместени камерата и сензорите, а има и скенер за отпечатоци од прсти за верификација на идентитетот и одобрување на електронските плаќања преку Android Pay.

Huawei Nexus 6P го користи најновиот оперативен систем Android 6.0 Marshmallow од кој се очекува врвна оптимизација. Почетната цена на Huawei Nexus 6P ќе изнесува 499 долари и ќе може да се порача од Play Store.