Колку е опасно со ист полнач да полните повеќе телефони

Објавено на 30.09.2015 во Новости



Колку е опасно со ист полнач да полните повеќе телефони

Многумина се прашуваат дали полнењето на телефон со различен полнач ќе ги уништи батеријата и уредот. Не може да се потврди категорично дали е така или не, затоа прво ви образложуваме. Речиси сите смартфони имаат microUSB полнач, што значи дека батеријата може да се полни со различни производители. 

Полнењето на различни мобилни телефони нема веднаш да го оштети уредот, а можеби и воопшто нема да го оштети, но постои можност дека тоа долгорочно ќе влијае врз траењето на батеријата.  Исклучок за стандардниот microUSB почнач се iPhone телефоните, со посебен конектор. Каблите се разликуваат и по тоа што имаат различно ниво на ампери, што е всушност главната причина што може вашиот телефон да се оштети. 

Ако користите послаб полнач, отколку што е предвидено за уредот, тогаш ќе му треба многу повеќе време да се наполни, отколку оригиналниот полнач. Во спротивно, ако користите посилен полнач, батеријата побрзо ќе се наполни, но и побрзо ќе се празни, затоа што таква е природата на моменталните литимско-јонски батерии. Брзото полнење и брзото празнење ги оштетува батериите на долг рок, што значи дека се намалува капацитетот за брзо време и способноста да го задржи полнењето. 

Доколку го немате при рака вашиот полнач, тогаш слободно послужете се со туѓ, бидејќи од еднаш ништо лошо нема да се случи. Треба само да внимавате да не ја правите постојано истата грешка.