Xiaomi Mi 5 е прв со Ultrasonic 3D скенер за отпечатоци
Објавено на 03.10.2015 во Новости
Xiaomi ќе биде ексклузивен партнер на производителот на чипсети Qualcomm и ќе се обиде меѓу првите да го понуди новиот процесор Snapdragon 820, како и прв да ја искористи новата 3D Ultrasonic технологија за секенери за отпечатоци од прсти.
Qualcomm Sense ID 3D Fingerprint скенерот прави целосна слика од вашиот прст до најмал детаљ и безбедноста е на многу повисоко ниво, а исто така и точноста на отчитување. Затоа првиот смартфон со ID 3D Fingerprint ќе биде најверојатно Xiaomi Mi 5 кој е планиран за на крајот од годината.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Telefoni.mk.