Apple се подготвува за новиот евтин iPhone 5C
Тим Кук се подготвува за новиот модел на евтин iPhone, кој би требало да биде претставен на пролет, 2016 година. Apple не можеше да им конкурира на евтините телефони изминатиот период, но очигледно не се откажува и од овој сегмент на пазарот. Ова мислење оттаму што минатиот iPhone 5C требаше да биде евтин, но беше премногу скап за корисниците и доживеа неуспех на пазарот.
Според информациите на аналитичарите, Apple наводно работи на новиот iPhone 6C и планира да го лансира најрано во наредната пролет, 2016 година. Тоа значи дека е планиран за наредната конференција, кога Кук ќе ги презентира iPhone 7 и 7 Plus. Нема се уште конкретни информации какви опции би имал новиот модел. Се претпоставува дека ќе биде послаб телефон, со помал дисплеј, веројатно 4,7 инчи и слаб хардвер. Со ваков евтин смартфон Apple ќе се обиде да го нападне пазарот на евтини телефони, а исходот ќе го знаеме кога ќе дојде време.