Skype преведувачот достапен за Windows уреди

Објавено на 04.10.2015 во Windows



Skype преведувачот достапен за Windows уреди

Skype Translator отсега е достапен за сите корисници на апликацијата Skype за Windows уреди. Оваа програма во реално време ќе го преведува говорот на шест различни јазици - англиски, германски, шпански, италијански и мандарински. Постои опција да бидат додадени уште многу други јазици, 50 вкупно.

За да ја добиете опцијата Skype Translator мора да ја надградите програмата со најновата верзија, по што на горниот агол ќе се појави иконка од планетата. Со клик врз неа ќе се активира преведувачот, што значи дека разговорот ќе преведува штом започнете да разговарате со личноста од другата страна на врската.

Skype Translator се уште не е усовршен, но благодарение на програмското учење за подобрување на прецизноста, ќе станува се подобар кога ќе го користат се повеќе луѓе со текот на времето. 

„Се уште сме на почеток. Меѓутоа, денес сме многу подобри во разбирањето на различни нагласоци, како и во зголемувањето на вокабуларот“, изјавил Ли От од Microsoft.

Skype Translator сега е достапен само за Windows, а наскоро се очекува да се појави и на мобилните апликации. 

Автор: Aleksandar Stankov