LG ќе надгради само два телефони со Android Marshmallow!?

Објавено на 05.10.2015 во Новости



LG ќе надгради само два телефони со Android Marshmallow!?

LG Mobile нема огромна понуда на мобилни телефони, но покрај G премиум серијата, тука се и квалитетните уреди во високата и средната класа кои имаат доволен капацитет, па затоа изненадува информацијата дека само LG G3 и LG G4 ќе добијат софтверска надградба со Android Marshmallow. 

Според тестовите на сајтот LGWorld.com само тие два смартфони засега добиваат Android Marshmallow но, се надеваме дека станува збор за ненамерна грешка на производителот и листата на надградба ќе се прошири.





Прочитајте повеќе: