Apple ја турка Siri чекор напред од конкуренцијата

Објавено на 05.10.2015 во Новости



Apple ја турка Siri чекор напред од конкуренцијата

Apple ја купи британската компанија VocalIQ, која работи во полето на гласовни команди. Компанијата од Купертин не дава конкретен одговор за причината на купувањето, туку вели само дека станува збор за обична инвестиција и ја тера својата вообичаена политика. 

„Apple повремено купува мали технолошки компании, а притоа никогаш не ја откриваме нашата цел или плановите, ниту пак расправаме за нив“, кратко соопштуваат од ПР службите на Apple. 

Siri се обидува да оди чекор напред пред Cortana и Google Voice, кои не се способни да ги анализираат вашите прашања. Дигиталните асистенти не се на тоа ниво и тука Siri ќе претендира да стане вистинска личност со помош на VocaIIQ и ќе изгледа како русокоса. Филозофијата на компанијата е дека не треба луѓето да учат да разговараат со гласовната асистентка, туку гласовната асистентка со луѓето. Тука Siri сака да биде подобра во однос на другите.





Прочитајте повеќе: