Револуционерниот Wove дисплеј - изгледа како лента

Објавено на 05.10.2015 во Додатоци



Револуционерниот Wove дисплеј - изгледа како лента

Револуционерниот уред Wove паметна накравица со E-ink дисплеј се витка и изгледа како лента од поранешните филмови за фотоапарати. 

Дисплејот не личи ниту малку на досегашните традиционални екрани, тој зафаќа простор вдолж нараквицата. Се додека не видите како функционира, нема да препознаете дека станува збор за дисплеј. 

Новата технологија применета кај Wove нараквицата е прв таков гаџет, со целосно флексибилен дисплеј. 

Wove има применета технологија со „дигитална ткаенина“, односно „digital fabric“. Дисплејот има големина од 30х156мм, резолуција од 1040х200 пиксели, а површината на дисплејот е 5 пати поголем од било кој паметен часовник, така што го покрива цел зглоб на раката.

Има Freescale Cortex A7 процесор, 512 RAM меморија, 4GB меморија за складирање на податоци, функционира со изменета Android верзија - Wove OS и има батерија со мал капацитет од 230 mAh. Корисниците не треба да се грижат за слабата батерија, затоа што E-ink троши само малку енергија. 

Wove е се уште во фаза на развој, првиот прототип излегува во декември оваа година.