Robot Taxi доаѓа во 2020 година

Објавено на 05.10.2015 во Новости



Robot Taxi доаѓа во 2020 година

Robot Taxi започнува со експерименталниот период, со цел да го тестира возилото со робот. Во тестирањето ќе учествуваат 50-на стари луѓе во Канагава, кои ќе се возат во автомобили со коишто управуваат роботи, односно компјутери, За време на тест фазата, на местото на возачот ќе седи личност која во секој момент ќе може да ја преземе контролата над автомобилот во случај на проблем. 

Новите такси служби со роботи се дел од владиниот проект за развој на иновации и старт-апи. Robot Taxi планираат да започнат со комерцијално користење на услугите до 2020 година, кога во автомобилите нема да има потреба од надзор на вистински луѓе-возачи. Кога ќе заврши тест-фазата, зад воланот ќе седнат роботи. 

Автор: Aleksandar Stankov