Јутубер од Јапонија во живо си ја запали куќата

Објавено на 05.10.2015 во Новости



Јутубер од Јапонија во живо си ја запали куќата

Јутубер од Јапонија преку ноќ стана хит на интернет, не поради квалитетните видеа и корисни совети, туку поради огромната несмасност при која самиот си ја запали куќата. Се започна со обид да запали чкорче, но го изгоре целиот кибрит кој наместо да го изгаси го фрли во канта со хартии. Потоа следуваше голема паника и само долевање масло на оганот, додека пак неговите гледачи не можеа да се воздржат од навредливи коментари со потсмев, па затоа погледнете како не се прави пренос во живо.