Instagram има 120.000 корисници во Македонија

Објавено на 06.10.2015 во Новости



Instagram има 120.000 корисници во Македонија

Последнава година социјалната мрежа Instagram во Македонија се издигна на високо ниво со активно користење. Наша лична претпоставка беше дека никогаш нема да заживее Instagram на нашите простори. Како и да е, фактите се доказ дека згрешивме, а компаниите сега ќе може да тријат раце поради евтиното рекламирање. Instagram има над 500.000 корисници на Балканот, која отсега има отворена понуда за рекламирање за девелоперите и маркетинг агенциите. Интересно е тоа што социјалнава мрежа нема статуси или линкови, туку само фотографии и најмногу ќе ви послужи за да ги таргетирате мобилните корисници. Брендовите веќе визуелно ги променија своите профили со рекламни паноа, а сега со платформата за рекламирање ќе може да допрат до пошироката публика.

Instagram соопшти дека ја отвара платформата за сите што сакаат да се рекламираат уште на почетокот на септември, при што за нашите простори е отворена дури од пред неколку дена. Како и да е, Instagram ви нуди реклама со една или повеќе фотографии, видео реклама и мобилна click-to-install реклама. Патем, сега имаме цифри за бројот на активни корисници на Балканот, а бројот на македонски корисници е солиден - 120.000 корисници. Не е лошо, нели? Како и да е, ако имате интерес за рекламирање на Instagram, сега ги имате информациите. Како ви се чини оваа социјална мрежа за рекламирање?