YiSpecter - вирус што напаѓа се на iOS

Објавено на 06.10.2015 во iOs



YiSpecter - вирус што напаѓа се на iOS

Безбедносните експерти и истражувачи открија нов вирус што ги напаѓа сите iOS уреди. Пронаоѓачите тврдат дека вирусот YiSpecter ги напаѓа сите jailbreak и „нормални“ iOS уреди, при што главна мета се iOS корисниците во Кина и Тајван, но тоа не значи дека европските се исклучени од опасноста.

„Вирусот се шири на чуден начин, вклучувајќи го ISP на националната фреквенција, SNS worm на Windows и преку офлајн инсталирани апликации и промоција од страна на заедницата“, гласи соопштението.

YiSpecter е наменет за преземање, инсталирање и лансирање на важни iOS апликации,  и може да ги замени и постоечките апликации на уредот на оние што сам ќе ги преземе. Вирусот е способен да ги промени ставките во Safari и да прикажува реклами на целосен дисплеј кога корисникот ќе активира одредена апликација. Вирусот е активен веќе долго време - во последните 10 месеци. После пријавувањето во Apple, компанијата истакнала дека интензивно работи решавањето на проблемот.