Стартува BLOCKS - Првиот „лего“ смарт часовник

Објавено на 07.10.2015 во Новости



Стартува BLOCKS - Првиот „лего“ смарт часовник

BLOCKS на 13 октомври ќе ја започне јавната кампања за финансирање преку Kickstarter за собирање средства за првиот модуларен или популарно речено лего смарт часовник. Идејата на BLOCKS е купувачот самиот да си го состави идеалниот часовник со Android или iOs оперативен систем (иако Apple нема да дозволи користење на нивниот софтвер), потоа да избере каков екран, дизајн и хардвер сака, дали му се потребни фитнес сензори и скенер за работата на срцето, колкав капацитет на батеријата сака и многу други поединости.

Можностите и комбинациите се неограничени и штом еднаш купите смарт часовник од BLOCKS потоа постојано ќе може да го менувате и надградувате.