Xiaomi го спрема Mi Note 2 - еден од најмоќните!

Објавено на 07.10.2015 во Новости



Xiaomi го спрема Mi Note 2 - еден од најмоќните!

Xiaomi веќе е добро препознатлива компанија на глобално ниво, која е веќе прилично активна во мобилната индустрија. Компанијата премина во еден од најмоќните светски старт ап компании, а нејзините смартфони може да им конкурираат веќе и на најмоќните уреди. Главната предност на Xiaomi е - моќни перформанси и ниска цена.  Така почнуваат веќе да преземаат парче од колачот што им припаѓа на гигантите Sony, HTC и Apple, кои се прескапи. Xiaomi наводно работи на новиот фаблет Mi Note, кој би можел да биде еден од најмоќните телефони на пазарот на мобилна телефонија. 

Кај дизајнот се очекува метално куќиште, при што ако Xiaomi продолжи со ниските цени, Mi Note 2 би можел да прерасне во best buy смартфон, кој им овозможува на корисниците голема вредност за дадените пари. 

Првиот модел на Mi Note беше претставен на почетокот на 2015 година, со кој им конкурираше на Samsung Galaxy Note и iPhone 6 Plus, а Note 2 го очекуваме кон крајот на оваа или почетокот на наредната година. Новиот модел би требало да функционира со новиот Qualcomm Snapdragon 820 процесор, со 4GB RAM меморија, 32GB внатрешна меморија и камера со огромна резолуција од 16MP. Дисплејот на Mi Note беше 5,7 инчи, па така се очекува наследникот да има екран со иста големина, но поголема резолуција – 2,560x1,440 пиксели. Гигантите нека внимаваат, доаѓа новиот коњаник на Xiaomi!