Apple ја задржува позицијата на врвот - најголем бренд!

Објавено на 08.10.2015 во Новости



Apple ја задржува позицијата на врвот - најголем бренд!

Компанијата Interbrand ги анализира сите светски брендови и нејзините извештаи секоја година се прифатени како „закон на сите закони“. Веќе трета година по ред, компанијата од Купертин, односно Apple е повторно е на врвот и ја задржува највисоката позиција. 

Како и во секој друг сегмент, потешко е да се задржите на врвот, отколку да се издигнете. Многумина тврдат и дека приказната за Apple е многу поголема, одошто навистина компанијата вреди. Цифрите диктираат дека за 2015 година вредноста на Apple изнесува над 170 милијарди долари. Apple реализирал брилијантен раст, кој изнесува 43% во споредба со лани истото време. 

На второто место од светските брендови се наоѓа Google со вредност од 120 милијарди долари, додека трета е CocaCola со 78 милијарди долари. НА четврто место е Microsoft (67 милијарди долари) и на петтата позиција е IBM, со вредност од 65 милијарди долари. Најголем раст остварил Facebook - 54%, кој се наоѓа на 23-то место на скалата. 





Прочитајте повеќе: