оне.Вип го најави првиот мега пакет на услуги со 9 комбинации

Објавено на 08.10.2015 во Новости



оне.Вип го најави првиот мега пакет на услуги со 9 комбинации

По неодамнешната најава за целосен фокус кон корисникот и кон воведување на нови услуги на пазарот кои се засноваат на конвергентност, денес оне.Вип ги претстави новите Вип Конект пакети со фиксни услуги, дел од тарифното портфолио на брендот Вип, кое веќе ги содржи Вип Комбо пакетите со четири услуги.

„Она што го започнавме како успешна приказна со Вип Комбо пакетите и нашата соработка со Близу, денес го добива своето унапредување – токму онака како што ветивме минатата недела – фокусирајќи се кон сите потреби на корисниците.oне.Вип од денес го зголеми своето Вип продуктно портфолио, не за еден, туку за девет нови комбинации на фиксни услуги кои, сега веќе сме сигурни, ќе ги задоволуваат потребите на сите домаќинства. Со тоа цврсто чекориме кон исполнување на стратегијата за конвергенција на Телеком Австрија Групацијата”- изјави Никола Љушев, Извршен директор на оне.Вип.

Вип Конект Дуо пакетите со две услуги ги вклучуваат две различни комбинации на услуги: Вип Конект Дуо ТВ С и Вип Конект Дуо ТВ М - кои на корисниците им нудат дигитална телевизија и фиксна телефонија, со цени почнувајќи од 449 денари. Доколку корисниците сакаат да уживаат во комбинација од неограничен интернет и фиксна телефонија, можат да одберат од Вип Конект Дуо Нет пакетите: С, М и Л, со цени почнувајќи од 699 денари.

Корисниците, пак, кои имаат потреба за комплетно корисничко искуство, можат ги одберат новите Вип Конект Трио пакети со три услуги, во кои се вклучени сите фиксни услуги кои се наоѓаат во портфолиото на брендот Вип, а се поддржани од Близу. Имено, со Вип Конект Трио XS за месечна претплата од 999 денари корисниците добиваат неограничена комуникација кон сите фиксни мрежи, интернет со брзина од 15 Mbps /1 Mbps и дигитална телевизија до 60 канали. Со Вип Конект Трио S покрај бесплатна комуникација кон сите фиксни мрежи, корисниците добиваат и до 90 канали/1 0HD канали и интернет со брзина од 30 Mbps/2 Mbps (download/upload) за1.199 денари месечно. Вип Конект Трио M, пак нуди и можност за телевизиски приклучок на два телевизора, интернет со брзина од 50 Mbps /3 Mbps, како и телевизија до 120 канали/23 ХД канали, а Вип Конект Трио Л за љубителите на брзиот интернет во пакетот вклучува брзини од 150 Mbps/5 Mbps, како и телевизија со 150 канали/27 ХД каналина три ТВ приемници. Месечната претплата за овие пакети е 1.499 односно 1.999 денари.

За корисниците кои ќе ги купат пакетите Вип Конект Трио S, M и L до 30 ноември 2015г. добиваат промотивна месечна претплата за првите дванаесет месеци од 999 денари.

Понудата за новите Вип Конект пакети е достапна во сите поголеми градови во Македонија, каде што Близу има техничка можност.

Дополнително за сите корисници на дигитална телевизија на Вип и Близу од 8 октомври 2015 листата на канали е збогатена со следните содржини: Fox Crime,  Fox Movies, 24 Kitchen и Da Vinci. Овие канали се бесплатни до 31.12.2015

Повеќе информации во однос на новите Вип Конект пакети корисниците можат да најдат со јавување во Вип контакт центарот 077 1234 или на веб страницата www.vip.mk .