Light L16 - Android камера со 16 леќи

Објавено на 09.10.2015 во Новости



Light L16 - Android камера со 16 леќи

Light L16 е иновативна смарт камера со Android оперативен систем и располага со дури 16 леќи со различен фокус од 35, 70 и 150 милиметри, има две LED светла за блицот и можна резолуција од дури 52 мегапиксели. Повеќе детали за секој поединечен сензор се уште не се познати, но важен е самиот принцип на правење на ултра квалитетни слики во сите можни прилики.

Токму со комбинираната моќ на 16 различни сензори се добиваат врвни детали и репродукција на бои, а со различните леќи може потоа да го менувате фокусот и перспективата на самата слика. Идејата на стартапот кој стои зад Light L16 е целосно да ги заменат дигиталните камери кои се скапи и ограничени. 

Light L16 ќе се финансира преку KickStarter каде со влог од 120 долари може да се резервира камерата за 1200 долари, а по пласманот во 2016-та регуларната цена ќе изнесува 1600 долари.