2016 година е клучна за BlackBerry!
BlackBerry помина макотрпен пат во последните десет години, која претставува една од најголемите компании за производство на смартфони. Нејзините продукти секогаш се наменети за сериозни потрошувачи. Поради криза компанијата не може да продаде ниту милион телефони во еден квартал.
Тоа е сериозен минус за BlackBerry, а извршните директори на компнијата повеќе пати се обидоа да воведат промени за да го спасат. Новиот оперативен систем и новите модели на смартфони не им помогнаа да да привлечат внимание, затоа што корисниците го преферираат Android и iOS. Ситуацијата во BlackBerry не смее да трае уште многу, затоа на конференцијата Code Mobile, сегашниот извршен директор Џон Чен, одредил краен рок со кој очекува закрепнување на компанијата. 2016 година ќе биде клучна за стариот продавач на дигитронски мобилни телефони, затоа што ако наредната година не биде профитабилна за BlackBerry, тогаш ќе мора внимателно да се размислува за следните чекори. Медиумите ја коментираат и интерпретираат неговата изјава како крај за телефоните на BlackBerry. Што мислите вие?