Facebook Reactions - нова опција за Like

Објавено на 09.10.2015 во Новости



Facebook Reactions - нова опција за Like

Facebook Лајкувањето стана голема работа. Ако некој од пријателите објави тажна вест, најверојатно ќе кликнете Like, што не значи дека веста ви се допаѓа, но немате друга опција. 

Затоа одредени корисници се револтирани, затоа што тоа го толкуваат како буквално да ви се допаѓа страдањето на другите, иако знаат дека не е така. Facebook во Шпанија и Ирска во моментот ја тестира новата опција Reactions. Се разботи за широка палета со избор на повеќе емотикони при кликање на Like. Целта на емотиконите е да демонстрираат како се чувствува оној што ја Лајкува вашата објава. Ќе има весели, тажни, изненадени и лути емотикони.

Се уште нема информации кога планира Facebook да ги воведе Reactions во сите земји во светот.

Автор: Aleksandar Stankov