Елон Маск: Apple се гробишта за неуспешни „Теслаши“

Објавено на 09.10.2015 во Новости



Елон Маск: Apple се гробишта за неуспешни „Теслаши“

Елон Маск е можеби еден од најкоректните извршни директори меѓу технолошките гиганти, но неговата најнова провокација кон Apple навистина ќе ве изненади. Бидејќи меѓу Tesla и Apple се отвори силна конкуренција за пласман на електромобили Маск изјави дека сите нивни неуспешни инжинери и работници сега работат за електричниот автомобил iCar и затоа не се грижи многу за конкуренцијата. 

Запрашан за квалитетот на Apple тој слатко се насмеа и одговори „Па зарем не видовте на што личи Apple Watch. Симпатично е што Apple сака да воведе вистинска иновација, но автомобилите не се исти како телефоните и часовниците, не може едноставно да отидете во фабриката на Foxconn и да им нарачате да ви направат автомобил“,

Тој додаде сол на раната нарекувајќи го Apple „гробиштата на Tesla“ очигледно премногу лут бидејќи компанијата од Купертино се обидува да му ги „украде“ најдобрите инжинери за својот автомобил.