Umi Zero 2 - Се подготвува Galaxy клон со маска на LG G4

Објавено на 09.10.2015 во Новости



Umi Zero 2 - Се подготвува Galaxy клон со маска на LG G4

Кинескиот бренд Umi можеби му здодеа да слуша дека е плагијатор на Samsung, па затоа реши да ги подигне стандардите и за новиот Umi Zero 2 да копира дури два познати бренда, вклучувајќи ја и задната кожна маска која е карактеристична за LG G4. 

Umi Zero 2 ќе биде вистински Франкенштајн смартфон со дополнителен Е-ink дисплеј на задната страна кој ќе може да се заштити со различни кожни прекривки. 

Umi Zero 2 ќе има 5.2 инчен Full HD дисплеј, ќе работи со квалитетен процесор и 16 мегапикселна камера, а ќе се продава по многу достапна цена од околу 300 долари, па што мислите вие, дали овој експеримент може да успее.