Внимавајте: AVG антивирусот ќе ги продава вашите податоци

Објавено на 09.10.2015 во Новости



Внимавајте: AVG антивирусот ќе ги продава вашите податоци

Бесплатниот антивирус AVG почнувајќи од 15 октомври ќе започне да ги продава податоците кои ги собира од своите корисници на рекламни платформи кои ќе може да го таргетираат својот маркетинг. 

AVG собира податоци за вашата интернет историја и сајтовите кои ги посетувате, како и термините кои ги пребарувате што може да ја наруши приватноста и треба да се внимава. 

AVG секако има право со ваша согласност да собира податоци и да го „наплати“ бесплатниот антивирус кој го користите, но треба да бидете навреме информирани и доколку не се согласувате да ја прекинете дозволата за споделување на податоци.
 

Автор: Aleksandar Stankov




Прочитајте повеќе: