Торентите на KickAss блокирани на Chrome и Firefox
Објавено на 10.10.2015 во Новости
Доколку се обидувате да симнете торенти преку KickAss треба да внимавате бидејќи Google издаде предупредување за штетен софтвер и пласирање на вируси. Затоа сајтот KickAss е блокиран на Chrome и Firefox каде се појавува порака да не продолжувате со посета бидејќи се изложувате на ризик.
Засега не е познато каде е проблемот, бидејќи KickAss е еден од најдобро рангираните сајтови за торенти. Постои можност внатре во сајтот да бидат поставени лажни торенти каде е вметнат штетен софтвер или пак, самиот алгоритам на Google да ги блокира. Во секој случај бидете внимателни и избегнете го KickAss додека не се симне предупредување.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Telefoni.mk.