LG ги промовираше топ функциите на LG V10

Објавено на 12.10.2015 во Новости



LG ги промовираше топ функциите на LG V10

Со новиот супер смартфон LG V10 кој има два дисплеја ќе биде сосема очекувано пласиран и нов LG UX 4.0+ кориснички интерфејс за примена на голем број на нови функции за искористување на иновативната технологија. Тоа значи дека корисниците навистина ќе може да го употребуваат вториот помошен дисплеј кој се наоѓа на самиот врв со повеќе помошни команди и контроли, активација на најчесто користените апликации, брзи додатоци во камерата, контактите и нотификациите.

LG V10 има одличен концепт во фаблет конкуренцијата и не му треба Stylus пенкало за мултитаскинг и внес на податоци бидејќи вториот помошен дисплеј е максимално искористен, а LG има визија како да го подобрува корисничкото искуство, па погледнете ги сите промотивни видеа.