Nexus 5X стартува со испорака на 22 октомври

Објавено на 12.10.2015 во Новости



Nexus 5X стартува со испорака на 22 октомври

Google ќе ја започне испораката на новиот солиден смартфон од високата класа Nexus 5X на 22 октомври по многу прифатлива цена од 379 долари. Корисниците веќе може да го порачаат смартфонот преку онлајн продавницата на Google, но за земјите како Македонија во кои не е достапна ќе треба да почекаме Nexus 5X да биде пласиран преку Amazon или eBay или пак да дојде преку операторите каде цената сигурно ќе биде нешто повисока. 

Nexus 5X нуди 5.2 инчен Full HD дисплеј, работи со шест јадрен Snapdragon 808 процесор, 2 GB RAM, 12.5 мегапикселна камера, батерија со капацитет од 2700 mAh, додека пак за софтверот е применета најновата верзија на Android 6.0 Marshmallow.