Tag Heuer ветува екстра луксузен смарт часовник
Објавено на 13.10.2015 во Луксуз
Луксузниот бренд на часовници Tag Heuer реши да влезе во конкуренцијата на Apple Watch со своја верзија на вистински престиж и висока класа понудувајќи посебно дизајниран смарт часовник што ќе биде голем преседан за Swiss Watch концернот. Tag Heuer ја закажа промоцијата за 9 ноември, а сега го објави само првиот тизер со слика која открива мали детали од часовникот кој ќе чини околу 2000 долари.
Бидејќи цената е премногу висока Tag Heuer вети дека купувачите ќе добиваат постојана надградба на технологијата и нивниот часовник нема да биде користен за циклус од само една година, што е добар концепт на долгорочен план.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Telefoni.mk.