После iPhone и Apple Watch, на ред е iRing

Објавено на 13.10.2015 во Додатоци



После iPhone и Apple Watch, на ред е iRing

Компанијата Apple изгледа дека подготвува нов уред - смарт прстен, кој наводно ќе има подобри опции од iPhone. Минатата недела за Apple бил одобрен патент за технолошкиот уред со име iRing, кој ќе може да фотографира, испраќа пораки и функционира како смартчасовник. Прстенот има многу мали димензии и буквално се става на прстот како прстен.

iRing ќе поседува дисплеј чувствителен на допир, со што корисникот ќе има пристап до апликациите, понатаму микрофон за испраќање на гласовни пораки, мала камера за фотографирање, биометриски сензори за следење на отчукувањата на срцето, температура и хидратација. Можно е прстенот да има вградени сензори за следење на движењето, што ќе овозможи дигитално одбележување на се што корисникот ќе напише со пенкало на хартија.