Запознајте го експресниот USB убиец на компјутери

Објавено на 13.10.2015 во Новости



Запознајте го експресниот USB убиец на компјутери

Рускиот стартап Dark Purple го промовираше стикот USB Killer v2.0 кој при поврзување со компјутер или било кој електронски уред со USB влез веднаш испушта струја од 220 волти со цел да ја „испржи“ матичната плоча и хардверските компоненти.

Целта на USB Killer v2.0 е да им се најде при рака на новинари, инсајдери, политички активисти кои имаат потреба од брзо и ефективно бришење на податоците од нивните компјутери кои може да бидат запленети. Секако, тука постои и темната страна односно, USB Killer v2.0 да биде користен и од криминалци и злонамерници, но во секој случај ќе се фокусираме на позитивните ефекти.
 





Прочитајте повеќе: