Elephone ELE смарт часовник - Елеганција за 115 долари

Објавено на 14.10.2015 во Смарт часовници



Elephone ELE смарт часовник - Елеганција за 115 долари

Elephone покрај квалитетните смартфони сега се обидува да ја привлече корисничката база и на смарт часовници со новиот Elephone ELE кој е многу евтин со цена од само 115 долари и нуди основна технологија за поврзување и работа со апликации.

Elephone ELE има кружна форма со големина на дисплејот од 1.5 инчи со резолуција од 320 х 320 пиксели, има метално ременче кое е прилично добро дизајнирано со класичен изглед, како и IP67 сертификат за заштита од вода.  Хардверот работи со специјализиран дво-јадрен Mediatek процесор, 512 MB RAM, 4 GB меморија и батерија со капацитет од 400 mAh.

Часовникот Elephone ELE нуди и скенер за работата на срцето и модерен интерфејс со апликации за пораки, како и поврзување со смартфонот за добивање на нотификации.