PC партнерите на Microsoft започнаа војна против Apple

Објавено на 14.10.2015 во Новости



PC партнерите на Microsoft започнаа војна против Apple

Microsoft доби огромна подршка од партнерите кои изработуваат PC со Windows 10 со серија на реклами во кои директно го напаѓаат Apple од сите можни страни. Во рекламната војна се активираа Intel, Lenovo, HP и Dell со новата кампања наречена „PC Does What?“ со која ќе се врати старото ривалство на Microsoft против Mac на Apple, со тоа што сега момците од Redmond имаат повеќе гиганти на своја страна.

Кампањата ќе се емитува на TV, YouTube, во печатените медиуми, како и низ повеќе промотивни материјали за истакнување на предностите на PC со Windows 10 спроти Mac на Apple.
 

Автор: Aleksandar Stankov




Прочитајте повеќе: