Samsung за прв пат има годишен пад на продажбата

Објавено на 15.10.2015 во Новости



Samsung за прв пат има годишен пад на продажбата

Samsung сигурно не памети кога последен пат имал вакви слаби финансиски резултати и во 2015-та за прв пат по подолго време се соочува со ризикот да забележи годишен пад на продажбата на смартфони. Стартот со Galaxy S6 беше солиден, но потоа продажбата значително стагнираше, додека пак Galaxy Note 5 кој може да направи некаква разлика воопшто го нема на европскиот пазар, а дистрибуцијата на Galaxy S6 Edge Plus е очајна. 

Samsung освен предизвикот наречен iPhone има големи проблеми и во средната и основната класа каде продава премногу скапи, неквалитетни и неинветивни смартфони кои со години го носат истиот дизајн и пакување, па затоа компанијата мора да размислува како да се врати на старите патеки на успешност.