NO.1 D2 - елегантен и отмен смартчасовник за жени

Објавено на 15.10.2015 во Додатоци



NO.1 D2 - елегантен и отмен смартчасовник за жени

Смартчасовникот D2 е специјално наменет за жени, кој ја спакувал сета убавина и елеганција, се одликува со женствен дизајн специјално резбан за припадничките на понежниот пол. Дефинитивно ќе ви биде прекрасен украс на раката со убавата кожа од која се изработени каишките, изгледа како класичен часовник, а сепак има „паметна глава“.

Чистата рачна изработка и дизајн со дијаманти на кружната рамка му даваат блескав изгледа на смартчасовникот, со кој ќе привлекувате внимание каде и да одите. Неговата удобност се состои од отпорност на пот и отпорност на алергии, што значи дека производителот No.1 се потрудил да креира квалитетен паметен часовник. 

Важно е да се напомене дека NO.1 D2 има поддршка за iOS и Android оперативни системи и можност за конекција со уреди преку Bluetooth 4.0. Отпорен е на вода, има ергономичен дизајн, може да испраќате пораки и да се јавувате со него и брзо одговара на задачите.

Смартчасовникот е тука за да ви помогне да го подобрите здравјето, со тоа што детектира и мери отчукувања на срцето и пулсот, поминати километри, брзина на одење, време, броење на чекори, итн. Батеријата нема огромен капацитет и не е нешто посебно, но ќе трае еден ден.

 

Драги дами, доколку имате потреба од ваков смартчасовник и услугите што тој ги нуди, не двоумете се да го нарачате NO.1 D2 на овој линк.